Еден од најважните модели на германскиот производител Porsche, Cayenne, добива сосема нов старт – верзијата само со електричен погон ќе биде претставена официјално на 19 ноември со светска премиера, што означува ново поглавје за брендот.
Под покривката се крие вистински ѕвер: погонски систем со над 1.070 КС и 1.500 Нм вртежен момент, забрзување од 0-100 км/ч за помалку од 3 секунди и максимална брзина од 250 км/ч. Батеријата ќе биде од 113 kWh и ќе обезбеди досег од повеќе од 600 км според WLTP-стандарди, со можно полнење од 10% до 80% за само 15 минути благодарение на моќност од 400 kW.
Од дизајнерска и техничка гледна точка, моделот носи големи новитети: кабината ќе има 14,25-инчен дигитален инструментален панел и поединечен OLED екран што се протега долж централната конзола, а опционално и 14,9- инчен екран за совозачот. Надворешноста и внатрешноста следат технологија и луксуз, оставајќи јасна порака: Cayenne Electric не е само SUV – тоа е електричен суперSUV за оние кои не прават компромиси.
Со ова Porsche ја проширува својата електрична понуда и директно се натпреварува со премиум EV-сегментот, ветувајќи екстремни перформанси, висок технолошки стандард и досег што пред моментот звучеше недостижно.









