Porsche Boxster Bergspyder гo оживува легендарниот 909

ОБЈАВЕНО НА:

Тимот за развој во Porsche пред неколку години го осмисли прототипот на новото издание на легендарниот Bergspydera. Студијата темелена на 981 Boxster генерацијата на крајот не заживеала. Инженерите на Porsche без прекин користат протипови како би го тестирале лесниот конструкциски потенцијал на актуелните генерации на спортските автомобили. Особено предодреден автомобил за овој третман бил Boxster.

Во 2015 година, Извршниот одбор изгласал создавање на спортски автомобил темелен на 981, кој би требало да биде што е можно полесен и поминимален.

Прототипот имал побескомпромисен дизајн од потполно новиот Boxster Spydera за да може да постигне исклучителен балан на силата и тежината со врвна динамика на возење. Фамозниот Porsche 909, кој е со маса од 384 килограми, стана најлесниот тркачки автомобил кој некогаш бил направен од Porsche. За инженерите името на проектот било сосема јасно: 981 Bergspyder. Одлуката за избирањето на бојата исто така е едноставна, бела со зелени контури.

На инструмент таблата се видливи елементи од Porsche 918 Spyder, во стил на супер спортски автомобил. Седиштето исто така потекнува од технолошката платформа 918.

После обработката на лесниот дизајн, вклучувајќи минимален изолациски материјал и компоненти кои ја оптимиираа тежината, 981 Bergspyder на вага покажа 1.099 килограми.

Опремен е со 3.8-литарски боксерски мотор Cayman GT4 со 393 коњски сили. Bergspyder има однос на сила и тежина од речиси 2,8 килограми по коњска сила. Притоа забрзувањето од нешто повеќе од четири секунди до 100 км/ч е многу убедливо и време од некои 7 минути и 30 секунди околу Nirburgringa за овој модел звучи многу реално.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK