Компанијата Porsche објави дека како резултат на соработката со компаниите Mahle и Trumpf, првпат во историјата на моторот на суперспортското 911 GT2 RS клиповите ќе бидат изработени на 3D принтер.
Од Porsche велат дека благодарение на иновациската технологија, компанијата е во состојба да зададе исклучително точни параметри на содржината на легурата, која е целосно во согласност со исклучително тешка задача на клипот во моторот на екстремен автомобил како што е 911 GT2 RS.
Исто така од Porsche информираат дека принтаните клипови се со 10 проценти полесни од стандардните и покрај тоа се одликуваат со дополнителен интегриран канал за ладење, кој не би бил можен за формирање при едно класично производство.
„Благодарение на новите и полесни клипови, можеме да ги зголемиме вртежите, да ја намалиме температурата при оптоварување и да го оптимизираме горењето. Ова го овозможува постигнувањето до 30 коњски сили поголема моќност од битурбо (700 коњски сили) моторот, каково исто време да ја подобриме ефикасноста“, коментираат од Porsche.