Пораст на увозот на автомобили во Македонија – се уште далеку под просекот

ОБЈАВЕНО НА:

Опоравувањето се очекува да продолжи и во наредните месец, но не се очекува значително зголемување на увозот на нови и половни патнички автомобили

Во месец мај во Македонија се увезени вкупно 1.542 нови и половни патнички автомобили вклучувајќи ги тука и 146 товарни моторни возила и 23 автобуси и минибуси. Тоа е речиси двојно помалку од истиот период лани, а сето тоа се должи на пролемите со коронавирусот и затворањето на границите и слабиот интерес на луѓето за купување нови или половни автомобили.

Како што соопшти Царинската Управа на Република Македонија, во мај годинава се увезени 348 нови автомобили што е пораст во споредба со април кога беа увезени 205 нови автомобили. Пораст има и кај употребуваните половни автомобили. Така минатиот месец се увезени 1.034 половни автомобили што е за 413 повеќе во споредба со април.

Во мај практично е забележано опоравување споредбено со април кога беа увезени само 922 патнички автомобили. Сепак ако се спореди со мај минатата година, во мај годинава е остварен нешто повеќе од двојно помал увоз на автомобили. Во мај 2019 година биле увезени 3904 возила (нови и половни), од што само на нови отпаднало 558 возила.

Опоравувањето се очекува да продолжи и во наредните месец, но не се очекува значително зголемување на увозот на нови и половни патнички автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK