Пораст на продажбата во Германија и Италија, пад во Велика Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Официјалните резултати за продажбата на нови автомобили во европските земји покажуваат пораст во Германија и Италија, но пад во Велика Британија.

Според KBA, во октомври во Германија продадени се 284.593 нови автомобили што претставува пораст од 13% во споредба со истиот период минатата година. Процентуално, најголем пораст на продажбата остварија Alfa Romeo, Porsche, Tesla, Audi и Renault додека пад забележија Opel и Dacia.

156.851 нов автомобил во октомври беше продаден во Италија, а тоа претставува пораст на продажбата за 6,7%. Во оваа земја процентуално, најголем пораст забележаa Audi, Porsche, Mazda, Dacia, Citroen, Seat и Volkswagen, додека значаен процентуален пад забележа SsangYong, Subaru, Opel, Mahindra, Maserati и Jaguar.

Од друга страна во Велика Британија, поради нестабилната политичка состојба и натаму е забележан пад на продажбата. Така минатиот месец продадени се само 143.251 нов автомобил што споредбено со октомври минатата година претставува пад од 6,7%.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK