На големо изненадување во кругот на автомобилските аналитичари, поранешниот директор за дизајн на Rolls Royce, Жил Тејлор се придружи на луксузниот кинески бренд Hongqi кој е дел од FAW групацијата.
Оваа информација официјално ја потврди самиот Тејлор откако со официјално соопштение се огласи FAW Групацијата. Оваа кинеска компанија во соопштението наведе дека Тејлор ќе го раководи креативниот тим на кинескиот бренд ,а во својата нова улога ќе има за цел да го гради луксузниот имиџ на Hongqi.
Жил Тејлор ќе го води креативниот тим кој е лоциран во Минхен, место каде што треба да се дизајнираат луксузни автомобили со кои не само што ќе се настапи на кинескиот пазар туку ќе се освојува и европскиот пазар каде овој бренд положува големи амбиции. Во изјава за медиумите, Тејлор кратко изјави дека во целост е посветен на неговата кариера во FAW.
Тејлор, пред да се приклучи на Rolls Royce, 13 години работеше за Jaguar, а токму под негово раководство во 2005 година беа лансирани моделите XJ и XK.