Поранешен крадец објаснува како да ги заштитите автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Можете ли да замислите, дека автомобилот може да биде хакиран за само 20 секунди и да се влезе во него? Тоа го потврдуваат и зборовите на поранешен крадец, кој вели дека за сето ова навистина е потребно само малку време. Сепак, за времето, за кое крадецот крши прозорец некој може да викне полиција.

Ова значи дека автомобилот може да биде украден не само ако е оставен на паркинг, туку и доколку возачот го напушти возилото на само неколку минути. Крадците работат толку брзо што никој не е безбеден. Сепак, има нешта кои вие можете да ги направите за да ја спречите кражбата или барем да ги забавите крадците во нивната работа.

Автомобили се крадат по целиот свет. Мит е дека крадците најчесто ги крадат сјајните и скапи возила. Поголемиот дел од нивните жртви се најобични автомобили од средната класа. Експертите се убедени дека за да се затштите од злосторниците на практика е невозможно. Колку безбедносни системи да лансираат компаниите секогаш ќе се најде начин тие да бидат заобиколени.

Сепак, веројатноста за извршување на кривично дело значително може да се намали ако внимаваме на неколку едноставни, но не очигледни правила за безбедност. Затоа е добро во багажникот да ги оставате најценетите работи само доколку ви требаат. Има голема веројатност за тоа крадецот да поминува покрај вас и да ви ја онесе чантата, лаптопот или паричникот доколку се оставени на некое од седиштата или во внатрешниот дел од возилото.

Крадците имаат малку време за да ја завршат својата работа и затоа тие на практика никогаш не го отвораат багажникот. Сепак, тој се затвора со клуч. Затоа е секогаш важно вашите скапоцености да ги ставите одзади. Доколку чантата може да биде брзо украдена од внатрешноста откако прозорец ќе биде скршен, тогаш од багажникот нема да биде воопшто лесно.

Секогаш оставајте го автомобилот на осветлени улици

Темницата е придружник на повеќето престапници. Не е изненадувачки и тоа што експертите не препорачуваат автомобилот да се остава на лошо осветлени места. Колку пожива е улицата или паркингот, толку е подобро. На нив по правило има силно осветлување, па доколку крадецот реши нешто да украде тогаш околу него ќе има многу сведоци.

Алтернатива може да бидат паркинзите опремени со камери за набљудување. Сепак, имајте предввид дека имањето на видео снимка не е гаранција за тоа дека крадецот ќе биде фатен.

Тргнете го панелот од радиото

Ако во автомобилот радиото не ви е фабрички вградено тогаш тргнете го предниот панел. Повеќето крадци се стремат само кон ова парче од опремата. Ако го скриете некаде во внатрешноста од возилото тогаш крадецот тешко дека би скршил прозорец со надеж дека би можел брзо да го пронајде.

Гледајќи дека недостига панелот на радиото, крадецот тешко дека ќе погледне кон вашиот автомобилот со оглед на тоа што нема да има смисол. Тој едноставно немад а има време да го бара исчезнатиот дел. Најверојатно, ќе се упати кон друг автомобил кој е паркиран во близина.

Скријте ги вашите скапоцености

Ако не сакате вашите вредни работи да останат на видливо место тогаш можете да ги скриете во делот за чување на документи. Некои модели на автомобили дури имаат и специјално скришно место под предните седишта во кои можат да се сместат скапоцените нешта и паричникот. Во овој случај крадецот едноставно ќе погледне во автомобилот и гледајќи дека нема ништо интересно ќе си продолжи по патот.

Малку е веројатно дека тој ќе сака да влезе во автомобил што ќе му се види како безвреден. Затемнувањето на прозорците исто така може да помогне доколку возите скап автомобил. Некои луѓе мислат дека затемнувањето на стаклата го прават само разбојниите или луѓе кои возат скапи автомобили.

Сепак, тоа е доста удобно бидејќи обезбедува одредена приватност и помага да се спречи влегување во вашиот автомобил. Притоа гледајќи низ прозорецот крадецот не може да види ништо. Не ги затемнувајте шофершајбите бидејќи тоа ќе и пречи на вашата видливост на патот.

Убедете се дека вашиот автомобил има GPS-тракер

Можеби оваа мерка ќе влезе во употреба само на најбогатите лица кои возат ултра скапи спортски автомобили. И покрај тоа за оваа можност треба да знае секој. Ако вие имате скап автомобил, тогаш крадците ќе можат да ве следат со месеци. Крадците ќе ја дознаат вашата маршрута, дневна агенда и навики со цел да определат како и откаде најлесно би го украле вашиот автомобил. Затоа тие често ставаат уреди што им помагаат да го следат вашето движење. Овие уреди најчесто се сместуваат во делот на калниците или на подот.

За да бидат откриени е доста лесно: едноставно проверете ги овие места и погледнете под автомобилот. Редовните проверки може да ве заштитат од непријатни ситуации.

Никогаш не оставајте документи со лични податоци во автомобилот

Подобро кажано, никогаш не оставајте во автомобилот телефони, компјутери, паричници и лични работи. Тоа категорично не треба да се прави со документи. Доколку крадецот влезе во автомобилот и ја открие таму вашата лична карта, тогаш тој може подоцна да дојде и во вашиот дом.

Воедно може да изврши и финансиска измама со вашите лични податоци. Затоа треба да бидете внимателни и да си ставите документите на безбедно место, а уште подобро е да ги носите со себе.

Објаснете дека вашиот автомобил има систем за безбедност

Колку и да е чудно, повеќето крадци претпочитаат да се држат настрана од автомобилите со лепенки од обезбедувае. Истото се однесува и за автомобили, чија сијаличка од алармот се гледа како свети. Понекогаш, сепак, крадците сакаат да украдат и некој конкретен автомобил. Во тој случај тие го неутрализираат алармот. Тоа се прави доста полесно и доволно е да се пресече кабелот, кој го приклучува алармот со акумулаторот.

Доколку вашиот автомобил е многу скап и не сакате да ризикувате тогаш ставете и втор аларм. На тој начин ќе бидете убедени дека крадецот без да знае ќе го активира.

Некои брендови поеќе им се допаѓаат на крадците

Според податоците на осигурутелните компании од брендот на автомобилот зависи многу. Некои модели се попопуларни кај крадците, а на други тие воопшто не обрнуваат внимание. На пример во 2017 година лидери по кражби биле: Volkswagen, Ford и Hyundai.

Ако сте загрижени за вашиот имет, тогаш не земајте автомобил од овие три брендови. Или однапред дознајте кои модели се популарни кај краците.

Никогаш не оставајте резервен клуч во автомобилот

Да оставите резервен клуч во автомобилот е исто како да го напишете ПИН-кодот од вашата картичка во банката на неа. Со тоа вие практично го каните крадецот да ви го украде автомобилот. Место тоа чувајте го резервниот клуч дома на сигурно место.

Ставете сензори за движење во дворот

Веројатноста за крадење се намалува доколку автомобилот е запрен на добро осветлено место. Тоа е особено точно за дворовите надвор од градот и малите градови.

Ако живеете на такво место, тогаш ставете светла што се вклучуваат на сензори на движење. Тие ќе светнат веднаш што некој ќе помине покрај вашиот автомобил. Не се многу евтини, но затоа ќе спиете мирно.

Не чувајте пари во автомобилот

Многу луѓе сакаат да чуваат пари на тајно место во случај на вонредна ситуација. Сепак, ако тие се оставени на видливо место тогаш тоа е практично покана за крадците да ги земат. Ако, сепак, чувате пари во автомобилот, тогаш ставете ги на место кое тешко се гледа. Добри тајни места се пепелникот или ретровизорот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK