Поради ризик од пожар, Nissan повлекува повеќе од 200.000 автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Nissan објави дека ќе повлече повеќе од 200 илјади автомобили и теренски возила поради ризик од пожар, препорачувајќи им при тоа на опствениците да ги паркираат возилата на отворено.

Јапонскиот производител ги предупредува возачите дека доколку забележат дека свети сигналната светилка за системот против блокада на сопирачката подолго од 10 секунди по стартувањето на моторот веднаш да го паркираат возилото и да го информираат продавачот. Причината за повлекувањето, како што соопштуваат од Nissan е краткиот спој што може да се појави на плочата при кочење, а што може да предизвика пожар.

Повлекувањата ги опфаќа моделите Murano произведени во перидот помеѓу 2015 и 2017 година, Maksima произведени во 2016 и 2017 година како и Pathfinder произведени во последните две години. Сепак повлекувањето се однесува само на возилата продадени во САД.

Nissan проценува дека 56% од возилата имаат ваков проблем и ги повика сите сопственици да ги посетат најблиските продажно-сервисни центри со цел да се утврди дали нивните возила спаѓаат во групата на ризични.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK