Италијанскиот спортски производител Alfa Romeo е пред голем предизвик – мора да повлече над 60.000 автомобили ширум светот.
Според американските медиуми, производителот ќе повелече над 60 илјади автомобили од моделите Stelvio и Giulia ширум светот, а причината за тоа е грешки во круз контрол системот.
Така во одредени случаеви е забележано дека истиот не се гаси и покрај тоа што ќе се притисне на педалата за сопирање. Околу 19 илјади од спорните автомобили се наоѓаа во САД, околу 1,600 во Канада, а останатите 40тина илјади во останатите земји.
Ова не е прв пат производителот да направи повлекување на овие два модели. На почетокот на минатата година беа повлечени неколку илјади возила поради проблеми со течноста за кочење, а исто така поради проблеми со моторот беа повлечени возила од истите модели и во текот на измиантата година.