Маките на Porsche никако да завршат. По мултимилионската казна поради лажирањето на издувните гасови и повлекување на дизел возилата, сега ќе мора да повлекува уште дополнителни 340.000 возила.
Како што објави самиот производител ќе бидат повлечени стотици илјади автомобили од моделите Cayenne и Panamera.
Причините за ова лежат во проблемите со автоматските менувчи. Поради тоа што е лошо поставен еден елемент постои веројатност автомобилот сам од себе да стартува.
Во соопштението се наведува и дека сите автомобили од овие два модели произведени по 2002 ќе мора да се појават на сервис. Речиси 100 илјади од нив се наоѓаат на територијата на САД.