Поради притисокот на Катар новата фабрика на Volkswagen ќе биде во Турција?

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси сите германски медиуми ја пренесоа веста според која Volkswagen Групацијата одлучила новата мултибренд фабрика да ја гради во Турција.

Сега, по само некој ден во јавноста се појавија информации според кои врз одлуката за избор на локацијата најголемо влијание имала Катар. Овој притисок, државата Катар го направила поради тоа што поседува 14.6% од акциите во Групацијата и 17% од акциите со право на глас.

Поради оваа позиција, а искористувајќи ги своите места во одборот на директори и управувачки тимови, Херберт Диз бил приморан да ја потпише одлуката за избор на Турција.

Мотивите зошто Катар се одлучи да ја поддржи Турција и што се се крие зад одлуката останува енигма.

За потсетување, покрај Турција, со своја локација за фабрика конкурираа и Србија, Романија и Бугарија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK