Поради неисправни бришачи 1,7 милиони возила под истрага

ОБЈАВЕНО НА:

Управата за безбедност во сообраќајот на патиштата на САД (NHTSA) соопшти дека ја проширува истрагата врзана за неипсравни бришачи на дури 1,7 милиони возила од General Motors (GM).

Агенцијата за автомобилска безбедност ја почна истрагата во ноември во 2018 година за да утврди дали GM имал потреба за отповикување од 2016 година што се однесуваше на моделите Chevrolet Equinox и SUV GMC Terrain кои се произведени во 2013 година за да покрие дополнителен број на возила.

Со истрагата сега се опфатени и возилата Equinox и Terrain произведени во периодот од 2010 до 2012 година и од 2014 до 2016 година.

Управата за безбедност наведе дека истражува 1.900 жалби и извештаи кои се однесуваат на тој проблем кај 1,7 милиони возила, за да може да побара ода GM дополнително повлекување на возила кога ќе заврши истрага.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK