Поради коронавирусот: Расте популарноста на Drive-In кината

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот коронавирус низ светот ги менува навиките на луѓето, па дури и некои се враќаат на навиките што беа популарни многу години, па и децении во минатото. Едно од тие е одењето во кино. Во ситуација кога се препорачува држење на растојание од другите одењето во кино можеби не изгледа баш умна идеја. Сепак ова кино беше популарно многу одамна.

Drive-In киното се сметаше долго за нешто заостанато и застарено. Но, ситуацијата сега се смени. Оние 305 кина на отворено што постојат во САД сега доживуваат огромна популарност. Тоа се места каде со вешето возило се паркирате на отворен простор, и на големо платно заедно со сопатниците го гледате филмот.

Едно време и во Скопје постоеше вакво Drive-In кино, но малку траеше поради слабата заинтерсираност. Но, во САД многу от таквите места се задржаа и досега.

Во интервју за весникот ЛА Тајмс, сопствениците на ваквите Drive-In Кина во Калифорнија, Канзас, Оклахома и Мисури изјавиле дека тие и натаму се отворени и дека им расте популарноста во последните денови. Засега нема насоки дека таквите места каде има голема концентрација на луѓе треба да бидат затворени, па затоа и се доста популарни.

Продажбата на билети во ЛА била двојно повеќе посветена. На паркингот имало 136 автомобили и продадени 320 билети.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK