Причината е Кина каде сега дневно се користа околу 3 милони барели нафта помалку од вообичаеното.
Појавата на коронавирусот во Кина не е само глобален здравствен проблем туку влија и во многу човечки секојдневни активности. Тоа се одразува не само во Кина туку и во остатокот од светот.
Многу фабрики се затворени во Кина, многу работодавци препорачуваат нивните работници да работат од дома (ако можат), а економијата на најнаселената земја во светот се забавува. Сето ова е придружено со голем пад на потрошувачката на нафта.
Поточно, во Кина дневно се користат околу 3 милиони барели нафта помалку отколку пред проширувањето на коронавирусот. На глобално ниво, ова е значителен пад од три проценти на потрошувачката, па многу аналитичари предвидуваат пад на цената на нафтата.
Земјите на ОПЕК и Русија размислуваат за намалувањето на производството за да влијаат на цената на нафтата барем малку. Суровата нафта „Брент“ падна од речиси 70 американски долари за барел на 55 американски долари од 6 јануари до 6 февруари, а суровата WTI нафта падна од 64 на 50 долари за барел.
Ние секако ваквите падови ќе ги почувствуваме со задоцнување, иако секој понеделеник РКЕ ги објавува цените за нафтените дервати што се продаваат кај нас.