Европската асоцијација на автомобилските производители (АСЕА) настојува Европската комисија да го забави воведувањето на построги стандарди за испуштање на јаглерод диоксидот кај новите превозни средства, тврдејќи дека пандемијата од Соvid-19 ја ограничува способноста на автомобилските производители да „влезат“ во нормите.
АСЕА и три други прoизвoдcтвeни oргaнизaции испратија писмо до еврокомесарите уште на 25 март. Во него велат дека е неопходно „некакво приспособувње на роковите“ на постојните и идните регулативи. Причината за тоа е пренасочувањето на производството, развојот, тестирањето и сертифицирањето на нови автомобили поради коронавирусот.
„Во оваа вонредна ситуација сè уште не е можно да се направи детална анализа на последиците од кризата над законот, кој ја засега нашата индустрија. Секоја промена ќе бара и навремено усогласување меѓу визнисот и политичарите“, велат од АСЕА.
Од Европската асоцијација на автомобилските производители тврдат дека нивниот приоритет број 1 е зачувување на здравјето и работните места на 14 милиони жители на Европа, кои се директно или индиректно поврзани со автоиндустријата. И покрај тоа, еколошките организации и групи ги критикуваат потезите на АСЕА. Според нив тоа е обид да се извлече корист од кризата со коронвирусот.
Новите стандарди на Европскта унија имаат за цел да стимулираат развој и усвојување на превозни средства со ниски и нула емисии на штетни гасови. Тие гласаат дека од 2021 година новопродадените автомобили треба да испуштаат во просек 95 грама јагледор диоксид на километар.