Поради корнавирусот направен најдолгиот патнички авионски лет

ОБЈАВЕНО НА:

Авио индустријата е силно погодена од пандемијата на коронавирус, која ги „приземјува“ летовите на повеќето авиокомпании, откако голем број на земји се ставени во карантин и забранет пристап од државјани од други земји. Многу аеродороми се затворени или им анајава з анивно затворање за комерцијалните летови.

Но, поради оваа ситуација е создаден нов светски рекорд за авијација. На 14 март 2020 година француската авиокомпанија „Ер Тахити Нуи“ оствари најдолг патнички лет, патувајќи 9.765 милји од Папете во Тахити, Француска Полинезија, до аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.

Маршрутата обично вклучува планирано стопирање на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес. Но, кога авионот застанува во САД, сите патници мора да се симнат и да направат проверки на царината и границата на САД пред да им се дозволи да го продолжат своето патување до која било дестинација. Поради коронавирусот летот TN064 едноставно продолжил, поаѓајќи во 15 часот по локално време од аеродромот „Папете“ и пристигнал во Париз во 6,30 часот по локално време на 15 март.

Со тоа овој летот во кој авионот се наоѓаше во воздухот нешто помалку од 16 часа, стана најдолгиот трговски лет на светот во однос на поминато растојание. Направено е со употреба на авион Боинг 787-9.

Летот го надмина претходниот рекорд што го имаше Сингапур ерлајнс, кој нуди редовен патнички превоз помеѓу аеродромот во Сингапур и Њујорк, на оддалеченост од 9 534 милји.

Австралискиот превозник Квантас постави различен рекорд за најдолг лет на крајот на 2019 година. Експерименталниот тест Project Sunrise патувал околу 11.060 милји за 19 часа и 19 минути непрекинато меѓу Лондон и Сиднеј. Но, бидејќи нема патници во авионот тоа не може да се брои.

TN064 е исто така најдолгиот редовен домашен лет во светот затоа што патува помеѓу Француска Полинезија – која е француска територија – и копното на Франција.

Ер Тахити Нуи изјави за Си-Ен-Ен Травел дека авионот прелетал со „засилена екипа“ на четворица пилоти и затоа што авионот не била полн можеле да ја помине целата дистанца без дополнување на гориво.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK