Автомобилската компанија Ford ќе инвестира во зголемување на капацитетот за производство на комерцијалните модели Ford Transit, Transit Custom и Tourneo Custom за да се одговори на зголемената побарувачка за овие возила во Европа.
Ford Otosan е ќерка-фирма на компаниите Ford Motor и Коч холдинг. Заеднички, тие ќе инвестираат 52 милиони долари во фабриката во провинцијата Кочеaли, Турција. Со ова ќе се зголеми капацитетот за производство од 40.000 единици до 330.000 возила на годишно ниво или зголемување за повеќе од 12 проценти.
За да се задоволи побарувачката на комерцијални возила, дополнителниот капацитет во Кочели ќе се отвори во септември 2018 година и ќе бидат вклучени поголем број роботи во конструкцијата на возилото, проширување на капацитетите за фарбање и да се зголеми брзината во склопувањето на возилото.
Ford е европски бренд број 1 за продажба на комерцијални возила, позиција која е изградена врз успехот на последната генерација Transit возила, предводена од специјалните модели на двотонскиот и еднотонскиот Transit.
Со претставувањето на последната Transit фамилија, Ford скокна од 7-та позиција за комерцијални возила во Европа во 2012 година на водечката позиција во 2015 и 2016 година, со учество на пазарот од 8.5 до 13.2 проценти минатата година. Успехот продолжува и оваа година, кога продажбата на комерцијални возила се зголеми за 9 проценти во првите седум месеци и зголемување на пазарното учество за 13.3 проценти.