Поради Дизелгејт ќе има откази во Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen Group планира да направи сериозна чистка во својот кадар и тоа во делот на инженерскиот и менаџерскиот состав поради врската на неговите службеници со скандалот Дизелгејт. Највисоко меѓу шефовите за развој во Volkswagen е  Хајнц-Јакоб Нојзер. Тој е под истрага од страна на одделот за правда на САД за секоја врска со заговорот за прикривањето на нивото на емисиите на штетни гасови.

Обвинителите во родното место на брендот, Долна Саксонија за време на истрагата успеале да откријат внатрешен круг на лица кои учествувале во измамата, а нивната бројка е 39. Затоа се очекува продолжување на бранот на отпуштања.

На почетокот на оваа година Министерството за правда на САД го приклучи на списокот на обвинети и поранешниот главен шеф на Volkswagen Groupм Мартин Винтеркорн, поради дејствија во однос на прикривање на тестовите на компанијата.

Неговиот наследник, Херберт Дис вели дека ќе бидат отстранети пет или шет лица, но работите станаа многу проблематични после вклучувањето во целиот случај на германското обвинителство.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK