понеделник, 25 декември, 2025 година

ПОРАДИ Бугарите ќе се воведуваат нови туристички даноци во Грција

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Се разгледува воведување нова такса за туристи на северот на Грција, а причината лежи кај организираните тури од соседството

Туристите во северна Грција наскоро би можеле да се соочат со нови давачки – дури и ако само сакаат да стават пешкир на плажа. Причина за тоа се сѐ почестите организирани посети на општински плажи во Александруполис од страна на бугарски туристички групи, што, според локалните власти, создава преголем притисок врз јавните ресурси.

- Advertisement -

Грчкиот бизнисмен и економист Јоаким Каламарис во изјава за бугарската телевизија NOVA објасни дека водичи и агенции од Бугарија продаваат аранжмани од 3 до 7 дена, во кои вклучуваат бесплатно користење на јавни плажи, додека од туристите наплаќаат и до 150 евра по лице.

„Не е проблем што доаѓаат туристи. Проблемот е што тие плажи се наменети за локалното население, особено за социјално ранливите категории. Дополнително, за пристап до тие плажи веќе постои симболична такса од 1,5 евро, но организаторите тоа го злоупотребуваат“, вели Каламарис.

Општинскиот совет на Александруполис сега разгледува можност за воведување дополнителна туристичка такса, која би изнесувала околу 5 евра по лице за пристап до одредени плажни зони.

„Ние не можеме да го ограничиме движењето на граѓани од Европската унија, но можеме да воведеме механизми за рамнотежа преку регулирање на пристапот“, истакнува Каламарис.

Како пример за слична мерка, тој го наведе грчкиот остров Санторини, каде веќе се наплатува по 20 евра по лице при влез на островот – мерка што има за цел да го намали преголемиот туристички наплив.

Ако се реализира оваа одлука, оние кои патуваат на северот на Грција – особено во близина на Александруполис – треба да бидат подготвени за нови трошоци, дури и ако само сакаат да одморат неколку часа на плажа. Плажата, изгледа, повеќе не е бесплатна – особено ако доаѓате организирано.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја