Поимот „овертуризам“ подразбира во некоја земја да дојдат толку голем број на туристи, па со тоа го загрозуваат животот на локалното население и животната средина, а веќе има и список на земји кои минале најлошо по ова прашање.
Меѓу десетте најзагрозени се и Црна Гора и Хрватска. Токму поради ова, Дубровник го ограничува бројот на туристи, а целта е се намали гужвата која се создава.
Според листата која е создадена од сајтот disneyficationmap.com кој се занимава со проценка на овертуризмот листата ја предводи Исланд со 6,52 гости по жител. Веднаш зад Исланд е Хрватска со проценет удел од 3,78 гости по жител, додека 3. место го има Бахами (3,64 по жител).
Следуваат Австрија и Кипар, а на 6. место е Црна Гора која има 3,02 туристи по жител. Од 7. до 10. место се Грција, Естонија, Ирска и Данска.
Од disneyficationmap.com истакнуваат дека треба да се разликува овертуризам од масовен туризам бидејќи одредени дестинации можат да се носат со милиони туристи бидејќи одредени дестинации може да се носат со милиони туристи додека другите се борат и со далеку помал број.