петок, 26 март, 2026 година

Попривлечен и понапреден – новиот Lexus IS ветува многу

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

По два неуспешни обиди за премиера, Lexus конечно ја претстави новата, четврта гнерација од моделот IS.

Она што може да се забележи ако се спореди со претходникот, е значителната измена на задниот дел каде добива споени светла. Далеку попривлечен е и предниот дел каде доминира добро препознатливата маска на ладилникот.

- Advertisement -

Новиот IS се базира на TNGA-L платформа благодарение на која е за 30 мм подолг, за исто толку поширок, но за 5 мм понизок.

Под хаубата доаѓа основниот 2,0 литарски четирицилиндрен турбо бензински мотор со 241 КС, а за оние кои сакаат поголема моќност достапен, Lexus IS достапен ќе биде и со 3,5 литарски V6 мотор со 260 КС како и верзија со 311 КС.

Lexus IS

За разлиак од екстериерниот изглед каде има значителни измени, внатрешноста е речиси идентична како и кај моделот од третата генерација. Најголемите измени се однесуваат за издувите за клима уредот како и новиот екран осетлив на допир. Во стандардната верзија доаѓа со 8 инчен, а со повисоко ниво на опременост и 10,3 инча.

Lexus IS

Во производство овој модел влегува кон крајот на годинава, а ќе се произведува во фабриката во Тахара во која досега се произведуваше третата генерација. Цената останува сеуште непозната.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја