Поништени сите казни од камерите за мерење брзина (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Камерите за мерење на брзината се најголемиот кошмар за сите оние кои имаат малку потешка нога на гаста. Сепак, дел од таквите несреќници успеаја да се извлечат од казни.

Министерството за сообраќај во Малезија одлучи да ги поништи сите казни кои се случија пред ова соопштение како продукт на камерите за мерење на брзината.

Благодарение на камерите издадени се преку 3,1 милиони казни и секоја изнесува околу 30 евра. Со овој потег Владата на Малезија се „прости“ од речиси 95 милиони евра во казни. Министерот за сообраќај на Малезија, Ентони Локе изјави дека ова се случи еднаш и дека овие казни нема да се активираат.

Овој потег усреќи многумина во Малезија иако уште еднаш се поставува прашањето дали камерите за брзина имаат смисол.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK