Доколку морате со автомобил да заминеме на пат надвор од местото на живеење и притоа имате дефект на возилото, шлеп службата на АМСМ продолжува да работи 24 часа, како и досега. Од АМСМ информираат дека службата за помош на пат и информации, која е достапна на телефонскиот број 196 и понатаму ви останува на располагање 24/7 на целата територија на земјата.
Сепак има некои ограничувања и промени во однос на нивната досегашна работа. Од АМСМ потврдуваат дека:
Извршена е комплетна дезинфекција на сите возила за шлепување и помош на пат,
Дезинфекција на кабинскиот простор ќе се врши и по секоја извршена интервенција.
Во периодот на ограничувањата, клиентите чие возило се шлепува нема да се превезуваат заедно со возачот во кабинскиот простор, бидејќи тоа е спротивно на препораките од Владата, па ќе мора да користат алтернативен превоз.
Значи ако морате да го однесете возилото до некој сервис, тоа ќе биде пренесено, но вие ќе морате да најдете алтернатива за себе.
АМСМ Услуги – помош на пат обезбедува отстранување на повеќе од 50 видови дефекти меѓу кои и:
*замена на резервно тркало,
* дотур на гориво,
* дотур на масло и течност во системот за ладење,
* поправка на електронските системи за осветлување,
* отстранување на можни грешки во компјутерските системи на новите возила (on-board дијагностика) и сл.
За било какви прашања во врска со услугите на АМСМ, ве молиме јавете се на АМСМ инфо линија на 02/3181-181, секој работен ден од 08:00-16:00ч.