сабота, 25 ноември, 2025 година

Поминале 400.000 километри со Alfa Romeo Giulia без дефекти

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Моделите на Alfa Romeo се расипуваат, тврдат многумина иако тоа никогаш не е докажано, додека модерните автомобили се направени да издржат без дефект до 150.000 километри. Сепак, Giulia со дизел мотор под хаубата веќе неколку години служи во холандска компанија и храбро ги руши тие стереотипи. Еден од корисниците на моделот се пофали со неверојатна километража од 400.000 километри.

Alfa Romeo Giulia дури и во дизел верзијата се чини дека не е вистински избор за службен автомобил купен со цел поминување на големи далечини. Личноста одговорна за возниот парк во холандската компанија од Бреда очигледно имала поинакво мислење, доделувајќи таков модел на комерцијалисти кои возат во земјите на Бенелукс.

- Advertisement -

Еден од нив, Раф Колен, веројатно е првата личност на светот која сведочи за оваа волшебна вредност од 400.000 километри на бројачот на километражата на моделот Alfa Romeo Giulia. Овој момент е секако е овековечен со фотографија која Колен подоцна ја поделил на социјалните мрежи односно на официјалната страна на Фејсбук на компанијата.

Споменува дека овој импресивен резултат е постигнат без никакви проблеми, а автомобилот го посетил сервисот само поради извршување на редовни сервисни активности. Минала 400.000 километри, а досега нема проблеми. Alfa и понатаму работи како првиот ден и нема дефекти.

Она што е познато е дека под хаубата на овој рекордер се наоѓа 2,2 литарски дизел мотор иако е тешко да се каже во која конфигурација. Овој мотор доаѓа со 150 или 190 коњски сили.

Можно е дека поради официјалниот карактер станува збор за верзија со 150 коњски сили. Интересно е дека комерцијалистите од холандската компанија се задоволни со својата Giuliom и дека ќе продолжи да ја користи во извршувањето на секојдневните активности.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја