Помина половина век од Peugeot 504

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Peugeot годинава одбележува точно 50 години од пазарното лансирање на легендарниот модел 504 кој низ годините беше претставен во исклучително различна и успешно модифицирана понуда. Овој модел бил претставуван како седан, купе, кабриолет, комби, но и како пикап.

Заради овој случај на прослава на половина век од појавата на моделот 504, Peugeot создаде специјална тематска серија на продукти во која се вклучени маички, капчиња, чаши, значки и модели во лимитирана серија од само 1000 макети на воилото, кое беше Автомобил на годината на Европа во 1969 година.

Со пионерски концепт и дизајн Peugeot 504 е еден од најдинамичните и технички издржани автомобили на врвно ниво за своето време. Може да се пофали со повеќе од 3,7 милиони произведени возила.

Последниот примерок беше произведен во 2005 година во Нигерија и го доби почесното место во Peugeot Museum во Франција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK