Помало производство – поголема цена на нафтата

ОБЈАВЕНО НА:

Цената на суровата нафта во иднина ќе расте, откако челниците на Организацијата на земји извозници на нафта (OPEC) ќе го намалт производството за 1,2 милиони барели дневно.

Намалување во производството ќе има и во земјите што не се членки на OPEC и тоа за најмалку 558.000 барели дневно.

Со цел да се стабилизира пазарот на нафта најголемите производители ќа го намалат производството. Саудиска Арабија како најголем извозник се согласила за намалување на дневното производство за 486.000 барели. Меѓу земјите кои исто така ќе го намалат производството се и Русија, Оман, Мексико, Казахстан и Азербејџан.

Сега ќе следува и зголемување на цената на суровата нафта на берзите, и зголемување и н амалопродажните цели на пумпите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK