Помалку SMS пораки – помалку несреќи!

ОБЈАВЕНО НА:

Сега има во просек по 4 отсто помалку интервенции на Брза помош поради сообраќајни несреќи предизвикани од несовесно управување и праќање смс пораки истовремено.

Во Соединетите Американски држави веќе е забрането да се праќаат SMS пораки во текот на возењето, а тоа драстично го намали бројот на сообраќајни несреќи. После оваа забрана во САД годишно во просек има 1600 доаѓања на Брзата помош после несреќи.

Во 2016 година во несреќи загинале 3500 лица, а 391 лице е потешко повредено во судирите во кои учествувале возачи кои биле попречени од други активности, како користење на мобилен телефон.

И порано истражувањата покажуваа дека законите со кои се ограничува користењето на мобилни телефони во текот на возењето помагаат во смалувањето на сообраќајните несреќи. За потребите на истражувањето се анализирани податоци за помалку опасни повреди во сообраќајните несреќи од 2007 до 2014 година во 16 сојузини држави во кои е воведена забрана за пишувања пораки во текот на периодот опфатен со истражување.

Во САД во кои е воведена забрана просечно има четири проценти помалку интервенции на Брзата помош во споредба со периодот пред забраната.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK