Полската работилница Carlex Design веќе стана позната во глобални рамки благодарение на преработката на Mercedes-AMG G63 и со додавката Yachting Edition.
Сега, во оваа работилница работи на уште една преработка. Станува збор за SUV возилото Land Rover Defender чии рендери од крајниот изглед се веќе објавени.
Defender Yachting Edition претставува комбинација на префинет луксуз со морски стил, но и атрибути на off-road возило.
Оваа специјална верзија доаѓаво сребрена боја, со црна хауба, нови алуминиумски тркала, дотеран ентериер и секако, Carlex натпис на предниот дел.
Цената на оваа верзија не е позната, но се шпекулира дека ќе може да се купи за двојно повеќе од оригиналната, фабричка верзија.