Половњаците се уште во мода – Расте бројот на увезени возила во првите шест месеци од 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Иако одамна завршија популистичките мерки за увоз на половни возила со екстремно ниски стандарди, тие се уште се во мода и продолжува зголемениот увоз на вакви возила. Според податоците од Царинската управа на Македонија во периодот од јануари до јуни 2018 година се увезени 13.355 возила.

Нема податок какви возила, од кои класи се увезени, ниту пак дали истите се продадени или се уште лежат на некој авто плац чекајќи го својот нов газда.
Граѓаните повеќе веруваат во евтин половен автомобил отколку во нов. За истиот период од годинава, од јануари до јуни се увезени и 3218 нови автомобили, односно оцаринети што значи дека најголемиот дел од нив се веќе испорачани на своите сопственици.

Ако продолжи овој тренд на увоз на половни автомобили, тогаш оваа 2018 година ќе биде подобра во однос на претходните три (2015, 2016 и 2017 година) кога имало најмногу 25.5889 половни возила увезени во 2016 година.

Рекордот е 51.399 половни возила увезени во 2010 година.
Слично е и со новите возила, каде се очекува подобрување на резултатите од лани.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK