Кога Porsche најави дека на 18 мај ќе го претстави моделот 911 Targa сите логично очекуваа тоа да се случи во текот на денот. Но Германците изненадија со пуштање на сите информации на полноќ. Така стигнаа информациите за Porsche 911 Targa 4 и 911 Targa 4S.
Како и претходните модели на 911 Targa, оваа новата има и автоматски систем на покривот кој вклучува заокружување на задниот прозорец за кој Porsche вели дека може да се отвори и затвори за само 19 секунди.
И моделите 911 Targa 4 и 911 Targa 4S се карактеризираат со twin-trubo 3.0-литарски шест-цилиндричен мотор. Под маската на Targa 4 овој мотор испорачува 380 КС при 6.500 вртежи во минута и 450 Nm вртежен момент помеѓу 1.950 вртежи во минута и 5.000 вртежи во минута.
За споредба, 911 Targa 4S има 444 КС и 530 Nm вртежен момент од 2.300 вртежи во минута до 5.000 вртежи во минута. Од Porsce велат дека 911 Targa 4 ќе достигне 62 км на час (100 км на час) за 4,2 секунди додека Targa 4S ќе достигне за 3,6 секунди. Најголема брзина за Targa 4 и Targa 4S е 289 km/ h и 304 km/h, соодветно.
И двата модела се одликуваат со осумстепен менувач со двојно спојка PDK и интелигентно управување со погон на сите тркала Porsche Traction Management како стандард. Интересно е што Targa 4S е достапен со новиот седумстепен мануелен менувач на компанијата.
Во дват амодели исто така се користи Porsche Active Suspension Management кој автоматски ги прилагодува карактеристиките на амортизација за совршен комфор и ракување во секоја ситуација на возење. Исто така, претставена е Porsche Torque Vectoring Plus која користи електронско задно диференцијално заклучување со целосно променлива дистрибуција на вртежен момент.
Сите модели 911 Targa 4 имаат 19-инчни тркала на предната страна со гуми 235/40, додека на задните се наоѓаат 20-инчни тркала и гуми 295/35. Во меѓувреме, 4S доаѓа стандарден со 20-инчни предни тркала и гуми 245/35 заедно со задни 21-инчни тркала и гуми 305/30.
Деталите за цените допрва треба да бидат објавени.