Од ноќеска поскапуваат горивата на бензинските пумпи во Македонија. Ако мислите да патувате – наполнете си го резервоарот.
Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите, повисоки максимални цени на горивата што ќе важат до следниот понеделеник.
Од вечерва на полноќ, максималните малопродажни цени на горивата се зголемуваат во просек за 2.35%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за по 1.5 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе ќини 70.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 72.50 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1 денар, па еден литар дизел од вечерва на полноќ ќе чини 62.00 денари.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]