Од ноќеска поскапуваат горивата и во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 3.69%.
Според новата пресметка Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 2 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 69,50 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 2,5 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 72 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1,50 денари, и еден литар дизел ќе чини 64 денари.