Полицијата во Луксембург доби Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во Луксембург го збогати својот возен парк со два автомобили Tesla Model S со надеж дека ќе им помогне да фатат повеќе криминалци, но и дека ќе ја намалат емисијата на јаглероден диоксид во малата земја.

Министерот за транспорт на Луксембург изјави дека ова е пилот проект преку кои ќе се обиде да се постигне се повеќе и повеќе автомобили низ улиците на Луксембург да бидат електрични и со самото тоа да се заштити околината. “Потребни се автомобили кои може брзо да забрзаат” изјави меѓу другото Франсоа Бауш за националната радиотелевизија РТЛ.

Еден од условно речено проблемите со кои сега се соочува полицијата е редовното полнење на батериите, а полицијата ќе има можност непосредно да се увери во дометот кој може да се постигне со батериите особено ако се знае дека полицијата покрива патна мрежа од не повеќе од 200 км.

“Нашите патроли се 200 километри. Ние лесно можеме да видиме дека траењето на батеријата, како што е, не претставува никаков проблем”, изјави Лоран Лентц, заменик-командант на сообраќајната полицијата во Луксембург.

Но, Ленц рече дека е премногу рано да се каже дали Луксембург ќе купи повеќе автомобили Теsla. Локалните медиуми објавија дека полицијата платила околу 100.000 евра за секој автомобил поради посебни барања на полицијата, но од таму одбија да ја потврдат оваа бројка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK