Полицијата во Дубаи има „ѕверови“ во возниот парк (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Вработените во полицијата во Дубаи е една од ретките која може да ужива во возењето додека патролира по патот бидејќи полицајците имаат можност да се возат во дел од најновите модели. Овие автомобили често се на насловните страни на светскита автомобилски магазини, а дефинитивно таму им е и местото.

Лудилото по суперавтомобили во полицијата на Дубаи е од скоро време. Првиот модел кој бил набавен е Lamborghini Aventador во 2013 година. Тоа беше само почеток на лавината на други фантастични возила.

После Аventador им бил потребен нешто попрактичен модел, па затоа купиле Ferrari FF. Да биде уште почудно овој автомобил им бил само достапен на дамите во полицијата.

Тука не запреле туку следело купување на два фантастични автомобили, Mercedes SLS AMG i Bentley Continental GT, кого го придвижува монструозен V12 агрегат. Потоа следувале Aston Martin One-77, Chevrolet Camaro SS и одлично познатиот Bugatti Veyron.

Зошто толку скапи автомобили?

Доколку се согледаат реалните причини за купување на овие модели тогаш тоа е одличен маркетинг за градот и за контрола на сообраќајот. И на самите челници на Емиратите им е јасно дека нема засекогаш да имаат нафта, па шеиците ги вложуваат своите пари насекаде низ светот за да можат да имаат доволно кога ќе дојде до недостаток на нафта. Суперавтомобилите се добра реклама за градот, но и мамка за туристите.

Во градот во кој добар дел од жителите на месечно ниво вртат милионски суми јасно е дека на улиците има многу поголем број на брзи автомобили. Полицијата ги користи овие суперавтомобили за да ги пресретнува, но благодарение на строгиот закон кој предвидува тешки казни за оние кои бегаат од полицијата многу ретко се гледа бегање.

Иднината на полициските супер автомобили во Дубаи

Бројот на суперавтомобили во Дубаи во моментов изнесува 14 возила, а прашање на време е кога ќе биде купено ново возило. Се планира електрификација, па следен модел кој ќе биде купен веројатно ќе биде електромобил.

Инаку, планот е до 2030 година четвртина од сите државни возила да биде на електричен погон.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK