Полицијата на Дубаи во својот арсенал има патролни возила Lamborghini, полицајци роботи, а сега и летечки мотоцикли. превозното средство наречено Skorpion, е конструирано од руската технолошка компанија Hoversurf.
Новото патролно возило може да се опише и како млазен мотор. Возилото, наречено “Шкорпија” и произведен од руската технолошка компанија Hoversurf, има 4 пропелери. Може да лета до 40 милји на час и да вози 25 км на едно полнење.
Летачкото возило е едносед, може да носи 25 килограми тежина, па дури и самостојно управување. Пред еден ден беше презентиран на технолошкото шоу во Дубаи.
Главниот извршен директор на Hoversurf, Александар Атаманов објави на профилот на компанијата на Facebook дека има потпишано меморандум за разбирање со полицијата во Дубаи и покана да започнат масовно производство на летечки мотор во Дубаи.
На саемот Gitex Technology во Дубаи освен “Шкорпија” беше претставен и електрични мотоцикл на јапонската фирма Mikasa со максимална брзина од 124 милји на час, што исто така ќе го користи полицијата во Дубаи.