Ако полицијата во Холандија користи автобуси со цел да ги детектира сообраќајните прекршоци, полицијата во Велика Британија користи камиони.
Причината зошто е одбран камион за оваа цел е поради висината која овозможува одлично набљудување и снимање на останатите учесници во сообраќајот. Дополнително, никој не би се сомневал дека во камионот се наоѓаат полициски службеници.
Дека ова е успешна стратегија покажува и статистиката според која во последните 12 месеци благодарение на камионот, британската полиција снимила над 3.500 сообраќајни прекршоци. Најголем дел од нив се однесуваат на некористењето на сигурноснен појас како и користење на мобилен телефон.
https://youtu.be/dAH4cKRqafU
Кој вели дека полицијата не е инвентивна, и умна…
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]