Полицијата „си работи турбо“: Во Скопје казнети 448 лица – само во Гази Баба 192

ОБЈАВЕНО НА:

Бројките на санкционирани учесници во сообраќајот никако да се намали и покрај секојдневните зачестени контроли и постојаните апели на полицијата. Скопје останува лидер по бројот на напишани казни, а секојдневно по една Општина има дополнително засилени контроли. Таа чест сега ја имаше Гази Баба во Скопје.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.10.) само на територијата на Гази Баба изрече вкупно 192 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 лица, 23 технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 санкции за неносење на заштитна маска…

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 448 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 52 прекршоци, 33 мерки за технички неисправни возила и 43 за возење без возачка дозвола.

Изречени се 67 мерки за непрописно паркирање, 61 возило е подигнато со „пајак“, санкционирани се и 23 пешаци, а изречени се 64 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK