Полицијата „не спие“ на празници – казни 469 лица и 40 пијани возачи

ОБЈАВЕНО НА:

Ако мислевте дека полицијата празнува исто како и вие тогаш сте згрешиле. Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и за време на празниците, а оние возачи кои заборавиле дека „кога пиеше не треба да возиш“ си заработија казни.

На 2 јануари 2021 во периодот од 12 до 20 часот сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа засилена акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од дозволената и за возење под дејство на алкохол, при што се санкционирани 469 возачи за брзо возење и 40 возачи кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното.

Притоа, на подрачјето на СВР Тетово биле санкционирани 120 возачи за брзо возење, а пет за возење под дејство на алкохол.
– СВР Скопје евидентираше 26 казни за брзина, 12 за алкохол,
– СВР Битола 52 санкции за брзо возење, а девет за возење под дејство за алкохол
– СВР Охрид 37 за брзо возење и две за алкохол
– СВР Куманов 69 за брзина поголема од дозволената и една казна за возење со присуство на алкохол повеќе од дозволеното
– СВР Струмица регистрираше 48 казни за брзина и пет за возење под дејство на алкохол,
– СВР Штип 53 санкции за брзина и четири за алкохол, – СВР Велес 38 за брзо возење и една за управување возило под дејство на алкохол,
– Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата беа санкционирани 26 возачи за возење побрзо од дозволеното и една казна за управување под дејство на алкохол.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK