Во Скопје секојдневно има засилени сообраќајни контроли и полицијата е немилосрдна кон оние што ги прекршуваат правилата. Покрај на територијата на градот, вообичаено е во некој ден од градот полицијата да обрне има поголемо внимание. Овојпат на „менито“ беше населбата Драчево.
Според податоците на МВР, само на територијата на Драчево вчера (10 ноември) изречени се вкупно 183 мерки. Меѓу кои за возење без возачка дозвола 28, а 25 возила биле неисправни и нерегистрирани.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]