Полицијата постојано контролира во Скопје, а вчера позасилени контроли имаше и во Чаир. Таму се изречени вкупно 182 мерки, меѓу кои 29 за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани возила и 7 санкции за неносење на заштитна маска.
Вчера најмногу казни досега добија и пешаците, вкупно 63 кои не се придржувале до сообраќајните правила. Овие казни се за територијата на цело Скопје.
Во градот се изречени се вкупно 414 мерки, меѓу кои 39 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 20 мерки за користење мобилен телефон, 63 санкционирани пешаци, 68 мерки за непрописно паркирани возила и 19 санкции за неносење заштитна маска.