Органите за безбедност во Солт Лејк Сити, град во државата Јута, ги замолија криминалците да се воздржи од престапи додека трае пандемијата од Корона вирусот.
Повикот беше објавен на профилот на градската полиција на Твитер.
При обраќањето одржувачите на редот предвреме им благодарат на криминалците за помошта која можат да ја дадат. Тие очекуваат соработка за намалување на криминални појави.
Due to the confirmed case of #COVIDー19 from community spread, SLCPD is asking all criminal activities/nefarious behavior to cease until further notice. We appreciate your anticipated cooperation in halting crime & thank criminals in advance. #SocialDistancingNow #behaveyourself pic.twitter.com/JeQnQKdXAT
— Salt Lake City Police (@slcpd) March 14, 2020
Инаку, во Јута досега се регистрирани 19 позитивни случаи со Корона вирус.