Полицајци едвај фатиле возач на Mustang – мислел дека сакаат да се тркаат

ОБЈАВЕНО НА:

На патиштата низ Индијана во САД имаше интересна потера во која полицијата се обиде да стигне возач на Ford Mustang. После долга потера на крајот успеале да го стигнат возачот, кој имал многу интересно оправдување.

„Помислив дека сакате да се тркаме“, им рекол возалот на Ford Mustang на полицајците откако морале 40 километри да го бркаат додека да го стигнат.

Возилото Ford Mustang било управувано до 25-годишниот Мусаб Алхусеин, кој прелетал покрај патролата со брзина од 120 милји на час (193 км/ч) на место каде ограничувањето е 70 (113 км/ч). Кога полицајците тргнале да го бркаат, младиот возач намалил до 100 милји на час (161 км/ч) и ги вклучил фаровите, но не запрел. Кога потерата почнала да се одолжува, полицајците извадиле ленти со шилци. Успеале да ги дупнат гумите на мустангот дури во вториот обид.

Кога то извадиле Мусаб од возилото, тој реагирал премногу бавно на нивните прашања, а потоа дал апрусрдно објаснување за тркачки желби на полицајците. Алхусеин е обвинет за многу нарушувања, меѓу кои е и бегство од органите на редот.

За време на велигденските празници во В.Британија полицијата истао така имала случаеви кога сопирала возачи со чудни изговори. Едниот возел толку брзо што кога го сопреме одговорил дека возел брзо за да му избега на коронавирусот. Другиот возач бил сопрен за време за полициски час, а објаснувањето му било дека сакал малку да се одмори од сопругата и децата.

Кај нас засега не се објавуваат слични случаи иако полицијата постојано објавува бројки за лица кои не ги почитувале мерките и се движеле во време на полициски час.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK