Балканско сценарио применето од американски полицаец. Ова е заклучокот и впечатокот по несекојдневната, за во САД ситуација во која полицаец предизвикал сообраќајна несреќа, истата ја сокрил, а потоа и го уапсил оштетениот.
Се се случило кога полицаец во свое приватно возило не застанал на СТОП знак и се заби во Honda Civic управуван од Карлос Мартинез. По ова полицаецот излегол од возилото и се упатил кон Карлос при што започнал вербално да го навердува и му извикува дека удрил полицаец, изјави мајката на Карлос, Марија МАртинез за американските медиуми.
Во продолжение на видеото е прикажан моментот на сударот сниман од една од куќите без кое оштетениот ќе се најдел во крајно неповолна ситуација.
И кај нас има многу поплаки на службените лица во полицијата, ама без докази…