Видео објавено на YouTube ја потресе јавностa. Имено на видеото се гледа како полицаец, надвор од пропишаните процедури се изживува и приведува 65 годишна жена. Во земја како САД секојдневно се случуваат ексцеси во кои се вклучени полицајци.
Причината за ваквото однесување на полицаецот е тоа што жената не сакала да ја потпише казната која тој и ја напишал поради тоа што возела со оштетено стоп светло.
Откако тој и напишал казна од 80 долари побарал од неа да ја потпише, а потоа и да излезе од возилото. Откако таа не го послуша го стартуваше својот Chevrolet SIlverado камионет и го напушти местото. По ова неименуваниот полицаец тргна во потрага по што насилно ја приведе пред нејзиниот дом.
Реакциите на корисниците на социјалните мрежи се негативни и на сметка на Полицаецот, а повеќе од нив сметаат дека воопшто не требало да се употреби сила за казна од само 80 долари.