Полицаец мора да се вози во автомобил полн со вода за да докаже вина (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата од градот Аделаида во Австралија се подготвува за сложен експеримент со кој треба да се докаже вината на возач, кој направил видео клип како управува автомобил полн со вода. Мајкл Филил бил обвинет за опасно управување на автомобил пред повеќе од една година, кога заедно со своите пријатели одлучи да се спаси од неподносливите горештини во автомбилите и го претворил во аквариум на тркала.

Органите на редот се заинтересирале за блогерот откако го публикувал видеото на YоuTubе во јануари минатата година. Мајкл и другарите го запечатиле стариот Fоrd Lаsеr откако го наполниле до врв со вода и заминале да пазаруваат во блискиот маркет.

Сите основни функции на автомобилот биле отстранети надвор од внатрешноста, а тоа на момците им одземало околу два месеци. Во „фордот“ се влегувало преку отвор на покривот, а возачот и патниците користеле маски за нуркање за да можат да дишат.

За радост на друштвото и оние што гледале, „прошетката“ со мобилниот аквариум поминала без инциденти. По патот немало ниту една патрола и успеале возењето да го завршат со целосен успех, но набрзо после објавувањето на видео снимката полицијата го открила организаторо и против него е поднесено обвинение за опасно возење.

За да го докажат обвинението, надлежните органи мораат да демонстрираат на дело дека управувањето на автомобил полн со вода предизвикува опасност. За таа цел, полицијата ќе треба да го повтори експериментот за да се утврди како со такво превозно средство се маневрира, се врти во свиоци, се забрзува и запира. За иронија на судбината тие морале да се обратат за помош кај организаторите на експериментот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK