Во текот на изминатите три дена (14, 15 и 16 јули 2025), полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи низ земјава спроведоа засилени сообраќајни контроли, при што беа евидентирани вкупно 2.490 сообраќајни прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.
Најголем број прекршоци се однесуваат на:
*неприлагодена брзина на движење – 513 санкционирани возачи,
*неправилно паркирање – 657 прекршоци,
*возење без возачка дозвола – 251 лица отстранети од сообраќај.
Покрај тоа, казнети се:
*89 лица за некористење сигурносен појас,
*103 за користење мобилен телефон при возење,
*153 за неносење заштитна кацига,
*9 случаи на минување на црвено светло.
Изречени се и 185 прекршочни платни налози за пешаци, а 26 возачи се исклучени од сообраќај поради управување под дејство на алкохол.
Според Законот за возила, изречени се 12 казни за технички неисправни возила и 56 за нерегистрирани возила.
Од МВР информираат дека засилените контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел зголемување на безбедноста на патиштата.