понеделник, 25 декември, 2025 година

Показна Вежба за справување со сообраќајни незгоди и прва помош

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Мото Клубот Guardian Angels MC во соработка со Општински Црвен Крст – Гази Баба, Општината Гази Баба и други, во кругот на клубот и клупските простории на GUARDIAN ANGELS MC, на ден 13.04.2024 (сабота) година, по ВТОР ПАТ ќе организира показна вежба за справување со сообраќајни незгоди и прва помош при истите како дел од проектот „Погледни двапати, Спаси Живот“.

Организацијата е од отворен карактер и добредојдени се сите лица и мото клубови кои сакаат да присуствуваат на оваа едукативна вежба каде преку симулација ќе се прикаже правилно укажување прва помош при сообраќајна несреќа, повреден моторџија! Присутните на ваков начин преку практични примери ќе можат да ги подобрат или обноват своите познавања од сообраќајната култура.

- Advertisement -

Показната Вежба ќе започне во 12.00 часот со времетраење од 1 час.

Во продолжение по завршувањето на вежбата, во 13 часот, ќе биде организирано Едукативно Предавање за Сообраќајна едукација на млади лица (од 14 години) и за сите оние кои сакаат да почнат да возат мотор, каде за малолетници ќе инсистираме да дојдат со своите родители, старатели, да видат со што се нивното дете или млад човек ќе се соочи на улиците во сообраќајниот хаос кој владее со години наназад. Ова предавање ќе биде поддржано од лиценциран инструктор од Автошкола, кој од прва рака ќе ги запознае со сообраќајните правила, правила за движење по улици и правилата за управување за категориите А, А1, А2,М.

Секако не би било активност на нашиот клуб доколку не организираме и дружење 😊 за присутните во клупските простории по завршувањето на двете предавања со одлична музика и добро расположение.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја