Поголемиот Duster пристигнува во 2022 година?

ОБЈАВЕНО НА:

Претставувањето на новата генерација на моделот Sandero во сите три верзии беше мотив за повторно да се подгрејат шпекулациите за Grand Duster.

Оваа моделска изведба на Duster беше најавувана уште во текот на 2017 година, но во меѓувреме од Renault Групацијата не се појавија никакви официјални информации.

Три години подоцно повторно се актуелизира овој модел кој според пишувањата би требало да се појави во текот на 2022 година и тоа една година по премиерата на новата генерација на Duster.

Grand Duster ќе ги следи преференциите на голем SUV кои особено се истакнати во Кина. Оттука и во Европа ќе биде достапен со три реда на седишта односно вкупно седум.

Должината би изнесувала нешто над 4.5 метри, а ќе се темели во целост на CMF-B архитектурата која се користи и кај новиот Sandero. Покрај верзијата со традиционалниот 1,3 ТCe мотор, во понудата ќе дојде и со електрична верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK