Погодност за „зелените“: Електромобилите ќе може да возат побрзо од другите во Австрија

ОБЈАВЕНО НА:

Од следната година максималната брзина на патиштата низ Австрија ќе биде намалена на 100 км/ч, а ова ограничување нема да важи за електромобилите кои ќе можат да се движат со брзина од 130 км/ч.

Промената се воведува со две цели. Од една страна Владата смета дека електромобилите ќе станат попривлечни и ќе се зголеми продажбата, а од друга страна ќе биде намалена емисијата на штетни гасови.

Новите правила ќе важат за одредени учесници на автомагистралите каде ограничувањето ќе продолжи да биде 130 км/ч, но повремено ќе биде намалувано на 100 км/ч од еколошки причини. Сепак, поради тоа што електромобилите не загадуваат ограничувањето нема да важи за нив.

Новото ограничување ќе биде применувано главно во реони со особено нечист воздух. Специјалниот режим за електромобили ќе важи за патиштата со должина од 440 километри или околу 20 проценти од магистралите во Австрија. Вкупно 80 проценти од електроенергијата во земјата се произведува од обновливи извори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK