Погодете што е? Стар е 100 години, а чини 7,26 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Peugeot има долга традиција и огромен број на различни автомобили произведени во период од повеќе од 100 години. Некои од моделите преизведени на почетокот на 20. век и понатаму постојат, а еден од нив беше продаден за неверојатна сума од 7,26 милиони долари.

Се работи за двоседот L45 Grand Prix од 1914 година, кој ја достигна оваа цена на аукција во Лос Анџелес. Долго се сметало дека со овој автомобил во 1916 година, Дарио Реста победил на трката Indianapolis 500, но пред скоро време овие информации биле демантирани бидејќи бил возен од Ралф Милдорф кој завршил на 3. позиција.
Peugeot во тој период домиинрал на патеките, а во сличен модел во 1913 година Жил Гоукс победил на истата трка.

Примерокот којшто се најде на аукцијата е само еден од двата примероци кои преживеале до денес. Имал само тројца сопственици. Првиот е тркачот Ралф Милдорф, а тој му го отстапил на колегата Арт Клајн кој се тркал во истиот во 1919 и 1920 година. Потоа автомобилот бил купен од Линдли Бодвел, кој бил богат одгледувач на портокали и колекционер од чија колекција и стигнал на аукцијата.

Автомобилот и денес е во одлична состојба, а сe што е на него е оригинално како и во 1914 година, кога бил создаден од луѓето вработени во Peugeot. Интересно за Peugeot L45 Grand Prix возилото е тоа што во 1916 година имал 3,0 литарски мотор, кој во 1916 година бил заменет за поголем 4,5 литарски мотор со четири цилиндри, четири вентили по цилиндар и 115 коњски сили при 2800 вртежи. Возилото имало добош кочници.

Причината за високата цена лежи во тоа што шасијата и моторот имаат ознака No. 1, што значи дека станува збор за првиот таков примерок, а со оглед на тоа што не се знае многу за втор преживеан модел може да се каже дека овој Peugeot L45 е и последниот кој може да се вози и е оригинален Grand Prix модел од неверојатното тркачко време на францускиот произведувач. Во тоа време со болидите на Peugeot можеле да се носат само оние кои ги произведувал Mercedes.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK